Македонија
27. July 2018 - 9:38

Претседателот на Собранието Џафери на комеморативната седница по повод смертта на Демачи

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги одложи своите активност поради тоа што ќе присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.

Кабинетот на претседателот на Собранието Џафери утринава информираше дека неговите денешни активности нема да се одржат.

Претпладнево во 9:30 часот пред Џафери свечени изјави требаше да дадат новоизбраните членови на ДИК, а потоа тој имаше закажано и средба со романската премиерка Виорика Данчила.