Македонија
6. August 2017 - 9:19

Претседателот на Собранието Џафери ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска ќе потпише Решение за распишување избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ, Решението за распишување на локалните избори Џафери ќе го потпише во 12 часот во неговиот Кабинет.