Македонија
17. јуни 2018 - 16:32

Претседателот на МАНУ, Таки Фити застана зад договорот - ова е компромос кој ги обезбедува индентитетските карактеристики

Потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција за името е компромисно решение ,а кога има компромис двете страни се незадоволни ,за нашиот народ особено значајно беше да се зачуваат идентитетските прашања ,македонскиот јазик националноста ,културата и традициите истакна претседателот на Ману Таки Фити.Тој потенцира дека не е едноставно да се промени името ,но неможеме да останеме 27 години заробени во однос на евроатланските интеграции.

Претседателот на бугарската академија на науките Ревалски е оптимист дека со решението за спорот со името Македонија ќе може да тргне по европскиот пат тоа е единствениот начин со кој може да стигне до стабилност и мир .

Инаку во Охрид на состанок меѓу претседателите на Македонската и Бугарската академија на науките и уметностите, академик Фити и Ревалски се потпиша платформа  за соработка на академиите и помош при реализација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји .