Претседателот на Ломбардија информира за 2500 новозаразени со новиот коронавирус
Во италијанската провинција Ломбардија се пријавени нови 2500 случаи на инфекција со коронавирус.
– За жал, бројките не се многу убави, бројот на заразени лица премногу се зголеми во однос на изминатите денови. Имаме 2500 нови инфекции, рече претседателот на Ломбардија, Атилио Фонтана.
– Мораме да процениме дали станува збор за нешто вонредно или за нагорен тренд, што сигурно не би било добро за нас, додаде тој, изразувајќи загриженост:
– Јас лично сум загрижен. Не знам дали е ова нов врв на заразата. Светската здравствена организација и нашите институции кажуваат што треба да се прави, а што не, вели тој.
Според новите податоци, во Италија починале 7503 лица, што значи повеќе жртви отколку во Кина, каде беше првото жариште на епидемијата.
Добрата вест за Италија е дека бројот на новозаразени е во опаѓање четири дена по ред, што укажува на стабилизација на кривата на епидемијата. Во таа земја сега се активни 57,5 илјади случаи на новиот коронавирус.
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров