Loading Video...
Свет
7. January 2018 - 18:37

Претседателот на Египет за Божик во црквата на Коптите - дел од православните цркви го прославија Божик по Јулијанскиот календар

Христијанските верници кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Божик раѓањето на Исус Христос. Од Ерусалим до Грузија , од Каиро до Јоханесбург верниците го слават  првиот дена големиот Христијански празник Божик. Во православните храмови ширум светот се одржаа празнични богослужби. Патријархот московски и  Руски  Кирил служеше божиќна литургија во храмот на Христос Спасителот во Москва.Претседателот на Русија Владимир Путин присуствуваше на литургијата  во храмот  во родниот Санкт Петербург.

Патријархот  на коптската православна црква ја предводеше полноќната божикна литургија во новоизградената катедрала на која присуствуваше и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Тој обраќајки се на верниците  рече дека по милоста божја нудат порака за мир и љубов не само на Египќаните туку на целиот свет, и дека сите сме едно .  Литургијата е одржана под зајакнати безбедносни мерки за заштита на копските верски објекти , кои се честа мета на терористички напади.

Обичаите за славење на Божик во светот  се различни , но на сите луѓе заедничка им е верата во  единствениот  бог Исус  Христос.