Македонија
14. February 2017 - 18:13

Претседателот на Движењето БЕСА се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. 

На состанокот, како што соопшти Движењето БЕСА, се разговарало за состојбата по изборите од 11 декември 2016 година и за формирање влада. 

- Движењето БЕСА и на овој состанок го повтори ставот дека е време партиите да најдат сили за имплементирање на реформите кои произлегуваат од Извештајот на Прибе и сите други потребни промени за доброто на граѓаните, стои во соопштението.