Македонија
4. December 2015 - 8:42

Претседателот на чешкиот Парламент во посета на Македонија

Претседателот на Домот на  пратеници на Парламентот на Чешката Република Јан Хамачек денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Хамачек ќе има средба со неговиот домаќин претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски и ќе се обрати пред македонските пратеници. 

Во тек на посетата Хамачек ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, ќе се сретне со пратеничката група за соработка со Парламентот на Чешката Република и ќе положи цвеќе пред Споменикот на чешкиот војник - Роберт Гајдик и пред Споменикот на паднатите херои за Македонија.

Во состав на чешката делагација се и Јан Бартошек, потпретседател на Домот на пратеници на парламентот на Чешката Република, како и пратениците Ладислав Велебни, Зденек Соукуп, Павел Ковачик, Ром Кострица, Марек Бенда и Марек Чернок.