Свет
22. April 2016 - 8:45

Претседателот на Чад реизбран по петти пат

Претседателот на Чад,  Идрис Деби Итно, кој е на возраст од 63 години беше реизбран за петти мандат на изборите што се одржаа на 10 април.

Тој доби поддршка од 61,56 проценти од гласачите, се вели во соопштение од Централната изборна комисија. Опозицискиот лидер Салех Кебзабо кој беше на второ место доби 12,80 отсто од гласовите. На изборите имаше 13 кандидати.

Идрис Деби Итно е на власт веќе 37 години.