Свет
20. April 2021 - 15:01

Претседателот на Чад почина еден ден по победата на изборите

Претседателот на Чад, Идрис Деби (68) почина од повреди здобиени додека ги обиколуваше војниците на фронтот во борбата против бунтовниците на северот на земјата, соопшти армијата.

Деби настрада само еден ден откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори на кои го освои шестиот претседателски мандат.

Неговиот кабинет вчера објави дека се упатува кон фронтот за да се приклучи на армијата во борбата против терористите.

Деби дојде на власт во 1990 година во бунт и беше еден од лидерите со најдолг претседателски стаж во Африка.