Балкан
13. May 2016 - 10:17

Претседателот на Албанија поднесе тужба за клевета против градоначалникот на Тирана

Претседатеот на Албанија Бујар Нишани поднесе тужба за клевета против градоначалникот на Тирана, јавува БТА.

Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај го обвини во телевизиска емисија претседателот Бујар Нишани дека ги злоупотребил овластувањата за да ја пренесе сопственоста на католичка црква во градот Елбасан во централниот дел на Албанија на име на неговото семејство . 

Велиај, кој беше избран минатата година за градоначалник на Тирана, припаѓа на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама. 

Иако официјално е аполитичен, откако ја презеде функцијата шеф на државата во 2012 година, Нишани, кој беше избран за претседател како член на десничарската Демократска партија, е во постојан конфликт со социјалистите, кои ја презедоа власта во 2013 година.