Македонија
28. August 2017 - 14:58

Претседателот Иванов во Скребатно по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со сопругата Маја и синот Иван, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица присуствуваше на црковно-народниот собир во кругот на обновената црква „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Скребатно, општина Охрид.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов им го честитал големиот христијански празник на присутните верници и им посакал празничниот ден да го поминат во добро здравје, радост и среќа.