Македонија
26. August 2016 - 10:22

Претседателот Иванов во работна посета на Турција

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во работна посета на Република Турција, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Македонскиот претседател, како што соопшти неговиот Кабинет, во Истанбул ќе оствари средба со турскиот претседател Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот „Јавуз Султан Селим“.