Претседателот Иванов во посета на јужната граница
Претседателот Ѓорге Иванов, кој е и врховен командант на вооружените сили, денеска ја посети јужната граница при што од припадниците на АРМ на караулата Богородица беше информиран дека во изминатите три месеци е спречен обид на околу 3.300 илегални преминувања кои во најголем дел доаѓаат од Блискиот Исток.
Иванов го посети и привремениот транзитен центар во Гевгелија, каде беше информиран за работата на хуманитарните организации, а разговараше и со мигранти кои престојуваат во транзитниот центар и се информираше за условите и третманот кои тие го добиваат за време на нивниот престој во центарот. Претседателот Иванов се сретна и со полициските припадници на странски држави, кои како поддршка на македонските безбедносни сили се распоредени во контролирањето на теренот на јужната граница.
Во рамки на посетата на јужната граница, македонскиот претседател ги посети и објектот за сместување на припадниците на АРМ во Богданци и караулата Езеро во Дојран. Притоа беше информиран за моменталните состојби, предизвиците и начинот на ангажирање на припадниците, во однос на справување со обидите за илегални преминувања на тој дел од нашата јужна граница, како и за условите за сместување и работа на припадниците на АРМ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација