Претседателот Иванов упати писмо со сочувство до иранскиот претседател Рухани
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Техеран, упати писмо со сочувство до претседателот на Исламска Република Иран, Хасан Рухани.
- Со згрозеност, вознемиреност и тага ја примив информацијата за ужасниот терористички чин кој се случи во Техеран и искрено жалам за загубените животи од оваа трагедија. Нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство, наведува претседателот Иванов во писмото.
Терористичките закани, како што истакнува, можат да бидат поразени само со координиран, заеднички и бескомпромисен одговор. - Затоа, сакам да Ве уверам дека одлучно го осудувам ова нечовечно злосторство и дека Република Македонија стои рамо до рамо со целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот, вели македонскиот претседател.
Ново на Сител
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата