Претседателот Иванов се сретна со Ердоган
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со турскиот претседателот на Република Турција г. Реџеп Таип Ердоган.
Како што соопшти прес-службата на претседателот, двајцата претседатели изразија задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Македонија и Турција.
Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за престојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција.
Македонскиот претседател изрази сочуство до турскиот претедател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при рушење на зграда животот го загубија повеќе лица.
На средбата двајцата претседатели разменија мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО