Македонија
28. May 2016 - 16:19

Претседателот Иванов на состанок на „Брдо-Бриони Процесот“ и на „Самит 100“ во Сараево

Зголемена регионална соработка во сите сфери од заеднички интерес, како предуслов за просперитетен, безбеден и поуспешен регион. Претседателот Иванов кој е во дводневна посета на Сараево упатува порака за преземање на конкретни чекори кои водат до стабилен Балкан. Според Иванов од голема важност е соработката во сферите на безбедноста, инфрастуктурата и економијата бидејќи тоа е единствен начин државите да напредуваат. Македонскиот претседател кој попладнево ќе се обрати на регионалната бизнис иницијатива "Самит 100" се очекува да упати порака дека регионот треба да се сврти сам кон себе во кризни услови и предизвици кои негативно се одразуваат на него. Се очекува Иванов да истакне дека "Самит 100" е одлична можност за продлабочување  на бизнис врските меѓу државите од Југоисточна Европа, што води кон поуспешен регион.

На денешната средба на бизнис лидерите од Балканот, ќе присуствуваат сите претседатели од регионот, што ќе биде вовед во утрешниот централен настан, процесот Брдо-Бриони, на кој ќе учествува и италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Вториот ден од работната посета на Сараево, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ќе ја искористи за учество во процесот Брдо-Бриони на кој ќе се разговара за актуелните предизвици во регионот. На самитот учество ќе земат и претседателите на останатите земји од Југоисточна Европа.