Претседателот Иванов на бизнис-форум во Подгорица
Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета на Црна Гора денеска во Подгорица заедно со својот домаќин, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум на кој ќе учествуваат претставници на околу 45 компании од двете земји.
Целта на форумот е да се претстават можностите за инвестирање во Македонија и јакнење на економската соработка, која поради лошата инфраструктурна поврзаност не е на високо ниво, како што е политичката соработка меѓу Македонија и Црна Гора.
На бизнис-форумот ќе учествува и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, како и претставник од претприемаштвото што е во согласност со програмата на претседателот Иванов - во составот на официјалната делегација на РМ во странство да има млади претприемачи од мали и средни бизниси кои се иновативни и нудат квалитетни производи и услуги.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители