-->
-->
Претседателот Иванов на аудиенција кај папата Франциск
-->
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, во рамки на посетата на Државата Ватикан и на Италијанската Република, денеска ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост папата Франциск, и ќе оствари средба со Државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.
Сопругата на претседателот Маја Иванова ќе ја посети детската болница „Бамбино Џезу“ која остварува соработка со Клиниката за детски болести од Скопје.
При посетата на Италијанската Република, претседателот Иванов ќе има средба со претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара