Претседателот Иванов ќе се обрати на бизнис-форум во Каиро
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој од вчера е во официјална посета на Египет, денеска попладне во Каиро ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум за презентација на инвестициските можности во Македонија.
Бизнис-поволностите во Македонија ќе ги претстави министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески.
Целта на форумот е јакнење на економската соработка со Египет, за која меѓу другото разговараа и претседателите на двете држави Иванов и Абдел Фатах Ал Сиси на вчерашната средба.
Македонскиот претседател изјави дека двете земји треба да се фокусираат на области со кои ќе ја продлабочат соработката зашто имаат потенцијали кои треба да се искористат. Рече и дека очекува позитивна реакција од египетската бизнис-заедница за денешениот бизнис-форум и дека Македонија може да биде порта на Египет кон европскиот пазар.
Ново на Сител
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност