Македонија
6. October 2015 - 8:26

Претседателот Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2015/2016 година. 

Стипендиите им се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија. 

Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија  и  Универзитетот „Шефилд“.

На доделувањето на стипендиите ќе присуствува заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.