Претседателот Иванов ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Јордан
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан за Република Македонија, со седиште во Анкара, Исмаил Иса Исмаил Рифаие.
Иванов, какошто соопшти неговиот кабинет, на средбата упатил честитки по повод неговото именување и изразил интерес и подготвеност за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.
-Убеден сум дека Вие, со Вашиот професионален ангажман, ќе придонесете за натамошно унапредување и збогатување на соработката меѓу нашите пријателски земји и народи во сите области од заеднички интерес, за што постои голем потенцијал. Бидете уверени дека во вршењето на Вашите дипломатски должности ќе ја уживате нашата целосна поддршка и помош, порачал македонскиот претседател на предавањето на акредитивите.
На средбата со амбасадорот Исмаил Иса Исмаил Рифаие, претседателот Иванов изразил задоволство од интензивирањето на соработката меѓу двете земји во повеќе сфери, особено во областа на разузнавањето и ја поздрави конструктивната улога на Јордан во стабилизацијата на состојбата во регионот на Блискиот Исток.
Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните случувања во двете земји и за настаните во регионот
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд