Македонија
26. May 2017 - 16:20

Претседателот Ѓорге Иванов на средба со Папата Франциск

Состојбата во Македонија и регионот, бегалската криза и тешките моменти кои ги живее христијанството  ширум светот биле главните теми на разговор помеѓу претседателот Иванов и папата Франциск, на денешната аудиенција. Неговата светост, папата Франциск и овој пат потврдил дека ги споделува молитвите за подобар живот, за што добил директна благодарност од Иванов, но и за неговото споменување на Македонија во обраќање до верниците ширум светот на први мај годинава.

Иванов имаше средба и со секретарот на Светата столица, кардиналот Пиетро Паролин во апостолската Палата во Ватикан. Токму Паролин беше претставник на папата на одбележувањето во Скопје на денот кога минатата годинаМајка Тереза беше прогласена за светица.

Аудиенцијата кај папата е дел од манифестацијата Македонија во чест на свКирил која секоја година се оддржува во Рим. Покрај Иванов дел од делгацијата беше и вице премиерот и мнр Никола Попоски, и дцрковна делегација предводена од Владиката Тимотеј и митрополитит Европски Пимен.