Loading Video...
Свет
1. јуни 2022 - 12:21

Претседателот Џо Бајден најави дека сепак ќе и биде испорачан на Украина најсовремениот ракетен систем

САД се предомислија. Претседателот Џо Бајден најави дека сепак ќе и биде испорачан на Украина најсовремениот ракетен систем, кој може да гранатира делови од Русија. Системот ХИМАРС може да лансира балистички ракети со домет од 300 км, но од Белата куќа најавија дека ракетите наменети за украинскат војска се со домет од 70 километри. Главен услов за испорака на ваквото оружје, од кое се очекува да го измени текот на војната е прифаќањето на Украина, да не гранатира делови од Руската територија. 

Со овој потег ние не ја охрабруваме Украина да напаѓа руска територија. Војната во Украина секако ќе заврши по дипломатски пат, но со ова оружје властите во Киев ќе добијат подобра позиција на преговарачката маса.  Напредните ракетни системи и муниција ќе им овозможат попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле во Украина, напиша Бајден за Њујорк тајмс.

Ова оружје ќе биде дел од пакетот воена опрема вреден 700 милиони долари, кој САД ќе и го испорачаат на Украина.

Ваквата одлука ја поздарви украинскиот претседател Зеленски, кој потврди дека неговата земја нема планови да ја нападне Русија, туку да ја бран и својата териотрија.

Наспроти ова Швајцарија повторно стави вето на барањето на Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина, откако претходно вакви одлуки донесе и за барањата на Германија и Полска. Таа својата одлука ја образложи со државната политика на неутралност.

Властите во Москва пак информираа дека земјата почнала големи воени вежби во кои се користи нуклеарно оружје. Над 1000 војници се ангажирани во тестирањата кои се вршат во областа Иваново, при што се користат интерконтиненталните балистичките проектили Јарс.

Претходно, претседателот на САД Џо Бајден рече дека засега не гледа никакви знаци дека Русија планира да користи нуклеарно оружје, но нагласи дека во овој момент таков потег на Русија би бил апсолутно неприфатлив.