Македонија
29. November 2022 - 16:40

Претседателката на судскиот Совет поднесе оставка, судската бизнис елита водела хајка против неа

Претседателката на Судски совет без да посочи конкретни имиња, тврди дека оставката ја поднела под притисок на Судската-бизнис елита.. Павлина Црвенковска, на денешната седница објави дека ја напушта функцијата, а причините за оставката ги испрати до медиумите.. Вели, не била подобна за одредена група луѓе од бизнисот и судството, па преку одредени медиуми ширеле лажни вести за нејзината работа..

„Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската-бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешни процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирање на судството“, наведува Црвенковска.

Според Црвенковска, чашата ја прелил изборот на членови во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители..

„Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско-бизнис елита“, пишува Црвенковска.

Во оставката, Црвенковска пишува дека жали што наместо унапредување на состојбите, некому станало поважно да им наштети на проектите во судството..

Црвенковска, на функцијата прв човек на Судскиот совет дојде во април минатата година.. Оставката највена денеска, доаѓа на пет месеци пред истек на нејзиниот мандат..

Црвенковска, останува член на Судскиот совет.. Кој ќе ја замени на претстедателското место ќе се знае во понеделник.. Нејзин наследник ќе се бара меѓу членовите на Судски совет, а според законот, право да бидат избрани имаат членовите предложени од Собранието..