Свет
1. November 2016 - 10:06

Претседател на Венецуела Николас Мадуро ќе води радио емисија за салса

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги изненади своите сонародници со изјавата, дека ќе води секојдневно радио прoграма за салса.

- Од 1 ноември почнува мојата програма за радио Мирафлорес. Ве поканувам да слушате, објасни  шефот на државата. .

- Тоа ќе биде музичко, културно и политичко предавање - национално и интернационално. Ќе има од се по нешто, рече Мадуро.

Венецуела се соочува една година со најтешката економска криза во историјата предизвикана од паѓањето на цените на суровата нафта - извор на 96 отсто од приходите . Инфлацијата и е неконтролирана и се очекува да достигне 475 проценти оваа година, според прогнозата на ММФ.