Претседател на Шри Ланка: Во следните 24 часа ќе ги сменам сите
Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена изјави денеска дека планира смена на првите луѓе на одбранбените сили во земјата во следните 24 часа, бидејќи не успеале да ги спречат самоубиствените бомбашки напади во кои загинаа повеќе од 300 лица, и покрај фактот што имале информации дека нападите ќе се случат.
– Целосно ќе ги реструктуирам полицијата и безбедносните сили во следниот период. Планирам смена на шефовите на одбранбените сили во рок од 24 часа, порача Сирисена.
Тој тоа го соопштил во обраќањето до нацијата, кое е пренесувано на националната телевизија.
– Безбедносните претставници кои добиле разузнавачки извештај од странски земји не го поделија тоа со мене. Требаше да се реагира на соодветен начин. Одлучив да преземам строги мерки против нив, истакна шефот на државата.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО