Македонија
15. September 2020 - 14:55

Претреси во Синѓелиќ, пронајден пиштол и хероин, едно лице приведено

 Во скопското село Синѓелиќ утрово околу 6 часот од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес во дом на С.А (32) и на уште неколку локации и при тоа пронајдено е огнено оружје „Застава“,со 9 куршуми, хероин и една дигитална вага.

Од МВР информираат дека е приведен С.А., а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.