Македонија
12. October 2020 - 11:43

Претреси во Кичево, запленет хероин - приведен 23 годишен дилер

Вчера во Кичево полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-СНТДООМ, во координација со ОВР Кичево го лишиле од слобода А.М.(23) од Кичево, поради основано сомнение дека извршил кривично дело недозволена трговија со дрога – хероин и марихуана. Имено, во 21.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кичево извршен е преглед на А.А., при што била пронајдена марихуана, за која изјавил дека ја набавил од А.М. од Кичево.

По претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, од страна на полициски службеници од НККР - ОНТДО Кичево во периодот од 21.50 до 23.00 часот, извршен е претрес во дом, други простории и возила кај А.М.(23) од Кичево, при што се пронајдени и одземени 18 паковки со хероин, ќеса со марихуана, кутија со остатоци од марихуана, 3 дигитални ваги со остатоци од марихуана, нагорени алуминиумски фолии, зипер ќеса со остатоци од марихуана.

По завршување на претресот, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кичево, А.М. е приведен во Полициска станица Кичево, каде по комплетирање на целокупната документација ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.