Македонија
19. August 2022 - 11:29

Претреси на подрачјето на СВР Штип, приведени седум лица

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден СВР Штип, согласно оперативниот план „Безбедно лето  2022“, презело низа мерки и активности во областа на недозволената трговија со дрога, при што од слобода биле лишени М.М.(30), Ж.М.(21), Н.Т.(18), Г.С.(19), С.Г.(18), Д.А.(19) и Ф.Т.(19).

-При извршени прегледи, претреси на домови и патнички возила кај нив била пронајдена марихуана, како и остатоци од други наркотични дроги и прекурсори, известуваат од МВР.

Истиот ден, при извршена контрола во Казнено – поправниот дом Затвор Штип била пронајдена и одземена прашкаста материја. При контрола на угостителски објект затекнати биле седум малолетници по 24.00 часот и тие биле предадени на родителите.

-По комплетирање на случаите против лицата од страна на СВР Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.