Македонија
7. October 2022 - 17:34

Претрес во Охрид, приведен дилер, пронајдени хероин и кокаин

Денеска (07.10.2022) во 17.00 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.И.(30) од Охрид. При преглед извршен на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 15 пакувања со кафеава прашкаста материја.

При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, дополнително се  пронајдени и одземени 20 пакувања со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.