Македонија
7. July 2022 - 18:48

Претрес во Куманово, приведен дилер на дрога

Денеска (07.07.2022) во 16.30 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. од Куманово.

Имено, при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Куманово, биле  пронајдени и одземени 7 пакувања дрога, и тоа: 4 пакувања хероин, 2 пакувања кокаин и едно пакување марихуана.

Д.С. е приведен во СВР Куманово и известено е ОЈО Куманово, а по целосно расчистување на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.