Македонија
10. April 2021 - 14:36

Претрес во домот на oхриѓанец, пронајден кокаин

Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Охрид, вчера изврши претрес во домот на М.А.(30) од Охрид, при што се пронајдени и одземени 11 најлонски пакувања со кокаин.

Како што соопштија од МВР, М.А. е лишен од слобода и приведен во полициска станица.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.