Loading Video...
Фудбал
27. November 2018 - 10:53

Претпоследна рунда во Лигата на шампиони

По три неделна пауза денеска и утре продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони. 
 
На две кола до крајот, само Барселона има осигурано пласман во осминафиналето. На шпанскиот шампион по оваа рунда може да му се приклучат повеќе екипи. 
 
На Баерн му е доволен и бод во дуелот против Бенфика која доколку загуби, ќе се прости со шансите за место меѓу шеснаесетте најдобри, а од тоа ќе профитира и Ајакс кој гостува кај последно пласираниот АЕК во дуелите од Е групата.
 
Во групата Ф, во иста ситуација е и Манчестер Сити кој со бод од гостувањето во Лион ќе го освои првото место, а за второто покрај Олимпик во игра е и Хофенхајм кој го пречекува Шахтјор. 
 
Рома и Реал Мадрид на Олимпико во Рим ќе играат дуел кој директно може да решава за првото место во Г групата, а евентуален нерешен резултат на овој меч ќе ја остави ЦСКА Москва во игра за второто место, под услов рускиот тим да забележи победа против Викторија Плзен. 
 
И во последната Х група во која Јувентус е лидер, на италијанскиот првак потребен му е бод во дуелот со Валенсија, која пак се надева на „кикс“ на Манчестер Јунајтед во дуелот против атусајдерот Јанг Бос, против кој „црвените ѓаволи“ ќе играат на „Олд Трафорд“. 

 

комплетни двојки за денешните натпревари од 5.коло во Лигата на шампиони

 

Е група

18:55

АЕК

АЈАКС

 

 

21:00

БАЕРН МИНХЕН

БЕНФИКА

 

Ф група

21:00

ЛИОН

МАНЧЕСТЕР СИТИ

 

 

21:00

ХОФЕНХАЈМ

ШАХТЈОР

 

    Г група

18:55

ЦСКА МОСКВА

ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН

 

 

21:00

РОМА

РЕАЛ МАДРИД

 

    Х група

21:00

ЈУВЕНТУС

ВАЛЕНСИЈА

 

 

21:00

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

ЈАНГ БОЈС