Македонија
4. October 2015 - 8:12

Претпладне сончево, а попладне зголемување на облачноста

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во западните делови ќе има зголемена облачност со повремени слаби врнежи од дожд.  Ќе дува слаб ветер од јужен правец. 

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне се очекува зголемување на облачноста. Преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе биде околу девет, а дневната ќе достигне до 25 степени. 

Во  текот на наредната недела времето ќе биде претежно променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од  дожд, освен во вторник кога ќе биде стабилно и суво.