Македонија
31. March 2018 - 8:45

Претпладне сончево, попладне дожд

Во Македонија ќе биде сончево и топло со засилен, а особено во западните делови и до силен јужен ветер. Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со грмежи. 

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје во текот на денот сончево и топло со засилен до силен југоисточен ветер. Во вечерните, а особено во ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд со грмежи.

Утринската температура до четири, а дневната темепратура до 23 степени. 

Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни (локално над 20л/м2). На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/час). Дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.