Кошарка
10. December 2016 - 16:07

Претквалификации за ЕП: Македонија со Косово и Естонија

Македонските кошаркари ги дознаа противниците со кои ќе се соочат во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Кина.
 
Извлекувањето на претквалификациските групи се одржа, во саботата, во Прага, а Македонија ќе игра во Ц групата против Естонија и Косово.
 
Првите две репрезентации во групата ќе играат во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2019 година.
 
Група А: Словачка, Шведска, Босна и Херцеговина, Ерманија
Група Б: Албанија, Австрија, Холандија
Група Ц: Македонија, Естонија, Косово
Група Д: Португалија, Бугарија, Белорусија
 
Претквалификациите ќе се играат од 2. до 19. август наредната година.