Македонија
15. September 2019 - 18:06

Претепано момче рано утрово кај Градскиот стадион во Скопје

Утрово во 04.44 часот во СВР Скопје, И.Ф.(22) од Скопје пријавил дека околу 04.30 на во близина на Градскиот стадион во Скопје бил физички нападнат од две лица кои биле со патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки.

И.Ф. бил пренесен во Комплекс клиники „,Мајка Тереза’’ каде му била укажана лекарска помош.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад било недоразбирање во сообраќајот.

Се работи на расчистување на случајот.