Македонија
24. February 2017 - 13:56

Претепани двајца средношколци поради девојка

Вчера во 16.15 часот во ЕИК Скопје е пријавено дека еден седумнаесетгодишник и неговиот другар, ученици од втора година во СУГС „Димитар Влахов“, биле физички нападнати од лицето Г.М. од с.Арачиново и уште еден ученик во училиштето. 

Додека двајцата малолетници стоеле во училишниот двор им пришол нивен соученик и ги повикал да појдат со него на улицата пред училиштето.

Таму ги чекал Г.М., кој насилно ги внел во патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки и му се заканувал на седумнаесетгодишникот за да ја остави неговата девојка и да не се гледа повеќе со неа.

По пристигнување во близина на ОУ „Конгреси Манастири“ излегле од возилото по што и физички ги нападнале нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.