Балкан
26. November 2015 - 20:30

Претепан возач на автобус

 
 
Инцидент се случил во Белград денеска кога бил претепан возач на автобус. Како што пренесе српскиот Курир, возачот на автобусот со број 611 бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото, со што веднаш бил пренесен во болница со возило на Брзата Помош.
 
Полицијата за настанот го уапсила 43-годишниот Н.Д. под сомнение дека тој го претепал возачот.
 
Откако возачот не го пуштил насилникот во ацтобус, тој влегол, почнал да вика, да го тепа крвнички и се тоа кренал паника кај присутните.