Македонија
12. August 2020 - 17:43

Претепан скопјанец завршил на клиника, три лица уапсени

Вчера навечер околу 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“ С.Т.(43) од Скопје бил физички нападнат од неколку непознати лица, информираат од МВР.

С.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По преземени мерки од полициски службеници во Полициската станица Карпош биле приведени  А.К.(40), С.К.(40) и П.К.(22), сите од Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.