Македонија
20. January 2023 - 12:27

Претепан секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид

Претепан секретарот на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид.

Oд полицијата го потврдија инцидентотот велат дека пријавен бил физички напад врз 21 годишно лице од страна на тројца охриѓани по што му била укажана лекарска помош во опшатата болница во Охрид .

(Според пријавеното од Х.П.во Угостителски објект лоциран на Кеј Македонија во Охрид а потоа и надвор од објектот физички бил нападнат од С.К.СК.И.С сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди констатирани во општата болница во Охрид.)исктакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Прв за овој немил настан на социјалната мрежа фејзбук објави  бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

(,,Насилството, омразата и дискриминацијата треба да запрат. Очекувам итна реакција на властите и во двете земји. Ситуацијата е неподнослива. Политичката класа, медиумите и академските средини создадоа атмосфера на омраза и прогон на Бугарите. Европските институции секако ќе бидат информирани! Момчето се наоѓа во болница. Полицијата е информирана”, )пишува Андреј Ковачев. Според бугарските медиуми, по тој повод Ковачев веќе разговарал со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен на 7 октомври минатата година, проследен со протести на граѓани, со поддршка од опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ.