Македонија
6. March 2018 - 10:16

Претепан православниот Албанец Бранко Синадиновски

Основачот на верската заедница на православните Албанци во Македонија Бранко Синадиновски вчера бил  нападнат од две непознати лица во Скопје. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивот.

Синадиновски физички бил нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром.

Синадиновски стана познат во јавноста по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија.