Македонија
28. January 2018 - 11:01

Претепан млад скопјанец (24), тројца го удирале со клоци и тупаници

Вчера во 17.55 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со повреди од физички напад донесен бил Н.С.(24) од Скопје.

На местото на настанот од страна на полициски службеници било констатирано дека истиот ден околу 17.30 часот на ул.„Вуковарска“, оштетениот бил физички нападнат од страна на Л.К., А.Б. и И.В., по што од удари со клоци и тупаници, Н.С. се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на череп). 

Лицето е задржано на понатамошно лекување на интензивна нега.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.