Македонија
15. October 2017 - 13:35

Претепан малолетник на Рекорд

Денеска во 02.10 часот Г.П. (44) пријавила дека претходниот ден во 23.30 часот на улица Димитрие Чуповски, поточно на автобуската постојка Рекорд, од страна на непознат сторител бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над незјиниот малолетен син.Сторителот го удрил нејзиниот син со тупаница во пределот на лицето, од што се здобил со видливи повреди во вид на расекотина на горната усна и крварење од носот и устата. Потоа сторителот од џеб извадил мал нож на расклопување и продолжил вербално да му се заканува на оштетениот по што си заминал, но по кратко време дошол со уште неколку лица и продолжил вербално да го навредува. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.