Македонија
1. November 2018 - 17:49

Претепан камионџија од Богданци, завршил во болница

Вчера околу 12,30 часот во атар на село Моин, гевгелиско, на место викано „Ќупот“, по претходна вербална расправија во врска со паркирање на товарно моторно возило, три непознати лица физички го нападнале Г.Г.(65) од Богданци, по што избегале од местото на настанот.

Потоа, Г.Г. бил пренесен во јавна здравствена установа - Гевгелија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на настанот.