Македонија
15. October 2017 - 19:55

Претепан член на избирачки одбор на гласачко место во Гостивар, изборите прекинати

После вербална расправија, и физички беше нападнат член на избирачкиот одбор во Форина а изборниот процес бил прекинат триесетина минути. Инцидентот се случил во 16:00 ч. – јавува ТВ 21.

Форино е село кое е дел од Општина Гостивар, во кое доминантно живее албанско население.