Живот
25. September 2018 - 21:36

Пресврт во случајот со исчезнатиот милијардер и неговата сопруга, телата се пронајдени во градината, а убијците признаа кој ги најмил

Полициското куче трагач утрово ги пронајде труповите на британскиот милијардер и неговата сопруа кои биле закопани на длабочина од 2 метри на нивниот имот во Тајланд. Тие се водеа за исчезнати од минатиот вторник.

Останките се испратени во болница на обдукција. Според наводите на полицијата, тројцата напаѓачи го признале убиството и откриле дека ги закопале телата во градината.

Се претпоставува дека Алан Хог е убиен со пиштол во близина на базенот, додека неговата партнерка Нот со чекан е претепана до смрт во гаражата на нивниот имот.

Тројца напаѓачи наведоа дека примиле 1.300 евра од шурата на Алан, Варут Сачакита (63) за да го извршат убиството, зошто семејството се скарало поради пари.

Да потсетиме, Варут првично е уапсен зошто украл автомобил од жртвата.

Варут, кој се скарал со сестрата Нот поради пари, негирал соучество во убиството, но на крајот сепак останал во притвор.

„Варут повторно е уапсен поради кражба на автомобил и соучество во убиството. Тројцата осомничени се уапсени по форензичката проверка на возилото. Тие го признале убиството, опишувајќи и како го извршиле“, наведоа од полиција.

Портпаролот на британската амбасада во Бангкок изјави дека се во контакт со тајландските власти и дека „му даваат поддршка на семејството на британската двојка која почина на Тајланд“.