Пресудата за „Дива населба“ одложена за 2 ноември
Скопскиот Кривичен суд по барање на Министерството за внатрешни работи го презакажа објавувањето на пресудата за „Дива населба“ за 2 ноември, поради ангажираност на полицијата за време на локалните избори. Судското рочиште беше закажано за 17-ти овој месец.
- Денес на 13.10.2017 година во 13:45 часот во Основен суд Скопје 1 Скопје е пристигнато барање од Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, во кое е наведено дека поради зголемен ангажман на МВР поврзан со обезбедување на локалните избори и обезбедување на делегации од странство во Македонија, а при кои обезбедувања се ангажираат голем број полициски службеници, судското рочиште закажано за 17.10.2017 година по предметот II КОК.бр.127/15 и II КОК.бр.35/16 и судското рочиште закажано за 19.10.2017 година по предметот и I КОК.95/16, на кои треба да се објават пресудите по овие предмети, да се одложат за друг термин после 01.11.2017 година, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.
Имајќи го предвид ова барање, како што посочуваат од Суд, објавата на пресудата по предметот II КОК.бр.127/15 и II КОК.бр.35/16 се закажува за 2 ноември во 10:30 часот, а објавата на пресудата по предметот I КОК.95/16 се закажува за 3-ти ноември во 10:30 часот.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп