Пресудата во случајот Рускоска-ВМРО-ДПМНЕ за една недела
Наредната недела - одлука за случајот “Вилма против ВМРО ДПМНЕ”. Ќе добие ли шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција отшета од 10 илјади евра, ќе се знае на 13-ти октомври.
За тогаш судот ја закажа пресудата во случајот, во кој Рускоска тужи за клевета, поради изборните спотови во кампањата за предвремените парламентарни избори во кои таа се споменува.
Видеата “Криминална приказна” и “Штанд на лагите” беа прикажани на денешното рочиште. Рускоска тврди дека тие и предизвикале страв, несоница и аксиозност.
За одбраната, во предметот се одлучува за многу поголема цел.
По завршувањето на расправата, адвокатот на Рускоска побара завршниот збор да биде даден на писмено, за што доби рок од 5 дена од судот.
Тужбата на Русковска е против ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и против Христијан Мицкоски како претседател на партијата и Игор Јанушев.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар