Македонија
27. December 2019 - 16:58

Пресуда за „Тарифа“ по 3 години затвор за обвинетите

По три години затвор  добија тројца обвинети, поранешни раководители во ЕЛЕМ. Ова е пресудата на Кривичниот суд за случајот „Тарифа“.  Според судот, екс генералниот директор и двајца раководители на сектори се виновни дека ја злоупотребиле својата службена положба за незаконски да обезбедат софтверски ситем за  потребите на фирмата.

Еден од обвинетите, сега веќе осуден, пресудата ја слушаше со солзи во очите. Освен затворска казна, судот, двајцата раководители, ги задолжи во рок од 3 месеци од денот на пресудата  да платат оштета од 20 000, односно 30 000 евра.

 По пресудата, ниту тие, ниту нивните адвокати не беа распложени дадат изјава. Во рок од 15 дена имаат право на жалба во Апелација. На почетокот на овој судски процес, обвинетите се изјаснија за невини. Случајот го отвори поранешното Специјално Јавно Обвинителство, пред една година, а потоа премина во рацете на Основното јавно обвинителство.